Од Куманово до Табановце се вози по автопат

Bez autora
Sep 08 2011

По четиригодишна изградба, вчера официјално беше пуштен во употреба автопатот од граничниот премин Табановце до Куманово, долг 7,6 километри. Со изградбата на оваа делница, останува уште да се направи автопатот од Демир Капија до Смоквица за да се комплетира делот од стратегискиот Коридор 10 на македонска територија. Односно, од Табановце до Богородица да се вози по автопат. Црвената лента на делницата ја пресекоа вицепремиерот Зоран Ставрески, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорката на Агенцијата за државни патишта, Наташа Валкановска. Станува збор за најзначајната инфраструктурна артерија во нашата земја. Автопат кој не поврзува со север и Европа од една страна, односно со југ и за македонската економија важното Солунско пристаниште, од друга страна. Ова не е само асфалт, ова е инвестиција која ќе ја подобри геостратешки добрата позиција на Македонија и нејзината атрактивност за инвестирање.

Од Куманово до Табановце се вози по автопатПо четиригодишна изградба, вчера официјално беше пуштен во употреба автопатот од граничниот премин Табановце до Куманово, долг 7,6 километри.

Со изградбата на оваа делница, останува уште да се направи автопатот од Демир Капија до Смоквица за да се комплетира делот од стратегискиот Коридор 10 на македонска територија. Односно, од Табановце до Богородица да се вози по автопат.

Црвената лента на делницата ја пресекоа вицепремиерот Зоран Ставрески, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорката на Агенцијата за државни патишта, Наташа Валкановска.

- Станува збор за најзначајната инфраструктурна артерија во нашата земја. Автопат кој не поврзува со север и Европа од една страна, односно со југ и за македонската економија важното Солунско пристаниште, од друга страна. Ова не е само асфалт, ова е инвестиција која ќе ја подобри геостратешки добрата позиција на Македонија и нејзината атрактивност за инвестирање - рече Ставрески.

За изградба на оваа делница се потрошија 15,5 милиони евра. Иако првичните најави беа дека автопатот ќе биде готов за 1,5 година, крајниот рок неколкупати се продолжуваше. Надлежните објаснија дека градежните работи се одолжиле поради дополнување на првичниот проект, што биле направени по барање на граѓаните. Во проектот влегле и две нови клучки за поврзување со автопатот кај Речица и Табановце, изградба на нов мост и потпатник, како и регулација на речно корито.

Новиот пат е широк 11 метри, а според најавите од Агенцијата, во следниот период ќе се изградат и пристапни патишта во должина од 600 метри.

За целосно да се комплетира автопатскиот дел од Коридорот 10 во земјава, треба да се доизградат уште 28,2 километри пат од Демир Капија до Смоквица. Според најавите на Министерството за транспорт, изградбата на овој автопат треба да почне в година во мај, а предвидено е градежните работи да завршат за пет-шест години.

Според проектот, новиот дел од автопатот ќе се гради веднаш по Демир Капија, а притоа ќе продолжи од десната страна покрај Вардар. Понатаму ќе се движи крај селото Миравци и ќе заврши кај селото Смоквица. Новата автопатска делница ќе има по три ленти од двете страни и зеленило во средишниот дел. Планирана е изградба на две клучки кај селата Миравци и Смоквица, два тунела и шест мостови. Предвидено е на автопатот да се изградат и четири нови наплатни рампи, по две од секоја страна.

Во тек е тендерот за избор на градежна фирма што ќе ја гради оваа делница. Нејзината изградба ќе чини 270 милиони евра, пари кои веќе се обезбедени од ЕБОР, Европската инвестициска банка и ЕУ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik